Покана - Изложба „Инхерентна убавина“, Елпида Хаџи Василева

Арт

Јавна соба со задоволство го најавува отворањето на изложбата Инхерентна убавина, која ги презентира новите дела на Елпида Хаџи-Василева

Времетраење: 18. ноември – 19. декември
Отворање: 18. ноември, 2010 19.00ч
Место: Јавна соба Промо центар

Необични наративи за когнитивното и метафизичкото

Прашањата за убавото и за естетиката се дискурси кои мошне често се дебатирани и опсервирани во историјата на филозофијата од класичната па сè до постмодерната, а доколку оваа неисцрпна проблематика се апендира на уметноста и нејзината теорија, тука уште поотворени и попроширени се нејзините капиларни сонди кои го детерминираат и елаборираат фундусот на можни варијабли, на кој секако мошне отворено може да му се додаде, на исто рамниште и во ист контекст, и ракурсот на грдото и естетиката. Ова е само еден од аспектите, кога треба да се говори за најновиот циклус дела на Елпида Хаџи­Василева, насловен Инхерентна Yбавина. Другата онтологија на нејзината визуелна преокупација е позицијата на спознанието, т.е. когнитивниот аспект на уметничкото дело и неговата метафизичка, внатрешна, контемплативна, поинаква, „друга” димензија.

Иманентно за творечкиот пристап на Хаџи Василева карактеристична е тенденцијата за нераскинливата врска со природата, на кој и да е начин и во кое било рамниште на елаборација на проблемската преокупација, секако користејќи ја „природата” (флора/фауна) најчесто како готов медиум, ослободена од животните сокови и од егзистенцијалната физиологија и, како таква, декомпонирана, дефрагментирана, осиромашена, ја поставува во нови корелации, соодноси, паноптикуми, кои добиваат нова аура, нов живот, нова генеалогија и естетика (Љубовен Тепих, 2000; Заседа, 2000; Епидермис, 2001; Пеперутки во Cтомакот, 2008; Мотектум, 2009 и други).

Инхерентна Yбавина пледира кон создавање специфична визуелна убавина чија есенција е токму во суштината за создавање убаво со грдо, ако може така грубо да се детерминира. Тоа е една нова географија на уметноста и во буквална и во преносна смисла. Објективната грубост, суровост, грдост на медиумот со кој се служи Хаџи­Василева (мембрани, опни или ципи од свински желудници) со преобразената природа, т.е. метаморфозирани, со помош на вештата рака на авторот, во уметничко дело добива нова, видоизменета субјективност, а оттука и нарација, која покрај општата има и индивидуална идејна симулација. „Секоја убавина се предава себеси на постојана анализа”, како што би рекол Адорно, особено ако се има предвид дека токму во случајот на делото на Елпида Хаџи­Василева објектот и субјектот на нејзината уметност се во подеднаква улога на градење на концептот и авторскиот ангажман,а истовремено се и предмет на анализа и синтеза во неговото толкување.

Визуелната сензација на нејзиниот концепт (ципи од свински желудници фиксирани на црна основа во квадратна рамка, како минијатури, со димензии 20 на 20 см, и како такви математички подредени во синхронен систем кој е постиран на галериски ѕид, на тој начин асоцирајќи на таписерија) лежи во мултипликативноста, монохроматската миметичност на претставата, која се менува од квадрат во квадрат, истакнувајќи ја текстурата како предоминантен елемент и истовремено креирајќи ритмички привидна динамичност. Секоја единица/квадрат има различна, своја, поинаква поетичност, печат, егзистенција, пулсација.

Окрутноста на материјалот станува визуелна поезија чија естетика е уште повеќе апострофирана и емфазирана токму преку опонентниот дискурс. Променливата светлина која ја постигнува со помош на одредени обоени детали, претежно ситни црвени акценти и транспарентноста на самиот медиум кој поставен врз контрастната темна основа уште понагласено ја акцентираат минуциозноста на самата морфологија на материјалот, го артикулираат просторот како мошне актуелна референца, остварувајќи поврзување на просторот на спектаторот со фиктивниот простор на самото дело.

За разлика од монументалноста на Пеперутки во Стомакот и ефектот на материјално соживување со средината и физичко воведување во гигантскиот лавиринт составен од истиот животински материјал, тука, во Инхерентна Yбавина станува збор за мали ­минијатурни наративи, со поинаква, поинтимна визуелна доживеалица.

Идејните симулакруми на Хаџи­Василева се повеќеслојни и повеќедимензионални. Во нејзиниот концепциски ревивализам се надополнуваат искуствата и носталгичните враќања на корените на македонската традиција (Хаџи­Василева живее и твори во Велика Британија) на македонскиот вез, ткаење, плетење, на улогата на женскиот принцип во нашиот национален идентитет (видени и преку технолошкиот процес на препарација на материјалот­медиумот), на идентитетот како посебна категорија, на вистинската припадност и генетскиот код, на индивидуалниот печат на секој поединец. Кожата сама по себе Хаџи­Василева ја идентификува како филтер за размена и површина за инскрипција. Тука секако се поставуваат и метафизичката улога и прашањето на чувството зад привидот, зад „оклопот”.

Би го заклучила овој кус осврт со парафразирање на гледањето на Хаџи­Василева за градењето на едно уметничко дело, поточно градењето на конкретното уметничко дело како „метафора за тело или контејнер, каде телото станува шуплина, садолик простор, а кожата, која не е вреќеста или мека, туку е статична и цврста создава затворен ’балон‘ исполнет со историја”.

Ана Франговска


Добра мисла

But after the time there I'd had it with fashion again, so I left to go to architecture school in a summer course at Harvard, which didn't last very long.

Stephen Sprouse


fb twicon_rss
Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Посетители онлајн

Има 63 гости присутни