Архитектура - Ентериери и дизајн
Спуштените плафони изработени од гипс-картонски табли, честопати ги среќаваме кај ентериерите кои сме ги проследиле, а причините за нивна изработка се разноврсни. Со помош на спуштените плафони можеме да прикриеме бетонски греди или ребра на плафонот, или некоја инсталација, или пак нерамнина на плафонот, но најчести побуди за нивна имплементација се естетските причини.Практични причини би можеле да бидат: ако сакаме да поставиме звучна или термичка изолација под бетонската конструкција, или ако поставиме климатизација,или осветлување. Со еден збор спуштените плафони имаат повеќекратна функија и затоа се толку често застапени во внатрешното уредување. Со нивна помош можеме да добиеме во уметничка вредност и атрактивност на еден простор. Можат да послужат како акцентирање на некој дел во станот, куќата односно во просторот.
Можеби еден од најдобрите ефекти што спуштените плафони ни го овозможуваат, е кога се интегрирани со светло кое што се поставува во нив, и на тој начин осветлувањето може да биде дискретно, индиректно, правилно распоредено, разиграно, може да ја прати функцијата или комуникациските потези во просторот. Честопати со помош на осветлувањето во спуштените плафони се акцентира зоната на седење во дневните простории, или местото за исхрана во трпезариите.
Плафонот може да биде спуштен по рабовите а осветлувањето да се постави во спуштените делови на плафоноската конструкција која што ја добиваме со самото нивелирање на плафонот. Исто така може да се употреби и обратна позиција – плафонот да биде спуштен централно а осветлувањето да биде поставено периферно, односно по рабовите на спуштената плафонска конструкција.
Овие плафони може да се спуштат во една или повеќе степенасти, каскадни рамнини, што во принцип зависи и од висината на самата просторија. Дококлу височината е поголема, каскадните спуштања се прикладни, но доколку се работи за класични височини тогаш не е препорачливо да се употребува повеќе од една рамнина за спуштање.
Постојат неколку начина на осветлување кај овие плафони. Најчесто се среќаваме со поставување на светлечки тела во симетрични интервали, или континуирано по должината на целиот плафон. Честопати се среќава и комбинација од двата вида како и отворање на продори што дополнително може да учествуваат во создавање на амбиенталноста во просторот што го уредуваме.
Архитект.мк
Игор Василевски
| < Пред | Следно > |
|---|
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
If architecture had nothing to do with art, it would be astonishingly easy to build houses, but the architect's task - his most difficult task - is always that of selecting.Arne Jacobsen
Анкета
Колку пати во годината ги посетувате архитектонските изложби ?
|
Skopje, Macedonia
|
|||||||
![]() |
|
||||||
|
![]() SE
|
||||||
| Прикажи повеќе детали | |||||||
| Изберете град... | |||||||
|
|
|||||||




