Архитектура - Ентериери и дизајн
Современите јапонски архитекти секојдневно изненадуваат со интересни и оригинални решенија со кои се справуваат со малите и тесни локации во пренаселените градови. Еден од последните примери е Куќата О на Хидејуки Накајама, пренагласена и во форма и во простор.
Лоцирана е во прекрасна зона на стариот дел од градот Кјото и е изградена како лепенка на главната двокатна куќа. Волуменот на новоизградениот објект делува како замок или како кула, зависно од аголот од кој ја гледате.
Името го добила по централниот простор околу кој, како синусоида се распоредени просториите на челични платформи на различни нивои и со невообичаени меѓуодноси. За да се стигне до вториот кат на кој се наоѓаат спалните, треба да се пројде низ целиот приземен дел на објектот до почетокот на скалиштето од задната страна кон дворот. Со тоа се „доаѓа дома“ наместо да се „доаѓа до спалната соба“.
Проѕирниот калкан кон улицата, обработен во стакло, доловува слика на „куќа за кукли“ во која приватноста се контролира со единствена завеса преку двата ката. Со тоа духовито се внесени внатре сликата и животот на градот и изложени кон него активностите во куќата.Мора да се признае дека архитектот му дал невообичаена шанса на четиричленото семејство на уредникот на dezain.net - Еизо Окада низ секојдневниот живот во овој додаток на куќата, да ја трансформира во простор за живеење и/или во градски простор.
| < Пред | Следно > |
|---|
Studio i3 Architects
Популарно месецов
Конкурси
- Конкурс за дизајнирање на мебел
- Изработка на идејно архитектонско урбанистичко решениe за Спортска повеќенаменска сала во Општина Аеродром - Скопје
- Изработка на архитектонско-урбанистички проект со идејно решение за реконструкција на Зелен Пазар
- Конкурс за изработка на идејно решение за изградба на деловен објект за потребите на Агенцијата за електронски комуникации - Скопје
- Изработка на идејно архитектонско решение за административен објект на локална самоуправа на Општина Карпош, Скопје
Добра мисла
Convinced as I am and as I am from my government that the world needs a new moral architecture over all I believe that this should be the first topic to debate in our world of today, ethics, moral.Hugo Chavez





