Светските архитекти шокирани од „Скопје 2014“

Архитектура - Домашна архитектура

Лоши копии, неоргиналност, мешање стилови. Генерално, ваква е оцената на европските архитекти за дел од зданијата предвидени со владиниот проект за урбанизација на централното јадро во Скопје. Коментирајќи за Дојче веле, архитектите го споредуваат визионерскиот лик на републичкото Собрание со германскиот Рајхстаг, споменикот на паднатите херои велат оти потсетувал на берлинскиот Столб на победата, а Порта Македонија на Триумфалната порта.

Skopje_2014_01_13

Бразилскиот архитект, пак, Педро Мореира, кој живее и работи во Берлин, укажува дека Уставен суд е копиран објект оти личел на стоковна куќа од Сао Паоло каде што има 200 продавници на дизајнери, чии клиенти се новопечени богаташи. Дејан Суџиќ, пак, прв човек на Венецијанското биенале за архитектура во 2002 година и актуелен директор на Музејот за дизајн во Лондон вели оти е шокиран од намерите со „Скопје 2014“.

„Шокиран сум што некој сака да му направи толку страшна работа на еден европски град. Во име на националниот идентитет сака да се создаде нешто што личи на хотел во римски стил - палатата на Цезар во Лас Вегас. Секако дека една нација мора нешто да изгради за да се потврди“, смета Суџиќ, укажувајќи дека идентитетот не се создава со фалсификување на минатото, туку, како што вели, со позитивен поглед во иднината.

Дека дел од владините урбанистички визии имаат неоправдани нишки со минатото смета и Нина Неделков, призната архитектка во Берлин, која го посетила Скопје како член на Германската комора на архитекти.

„Се прави напор да му се даде на градот една контура, едно лице, една форма, просторна целина. Поставувањето споменици на националните херои говори за реализмот со историски паралели. И тука заеднички станува збор за говорот на формата, а не функционалноста. Значи, формата е класична, но не знам што бара тука среде улица една Триумфална порта?“ се прашува Неделков, на која во очи и' паѓаат историските елементи во „Скопје 2014“. Коментира дека сака да се пренесе една размисла за историзираниот град во која сите добро се чувствуваат. Но, според Неделков, доколку се анализираат деталите, впечаток е дека не е така. Таа укажува оти станува збор за лоша копија и нејасно и' е зошто модерната архитектура не е составен дел од урбанистичките визии ниту, пак, имало меѓународен конкурс за да се изнајдат подобри решенија.

„Прашање е дали мешаницата од стилови е вистинска слика на денешното време. Филхармонијата е едно делче модерна архитектура, која во филмот изгледа изгубено. Дали е добра или лоша, не сакам да коментирам. Но, мојот впечаток е дека во градбите ја има аналогијата на големите урбанистички планови на Романија, односно има враќање наназад“, смета Неделков, која и покрај негативните оцени за владиниот проект, потенцира дека истовремено тој е и позитивен, бидејќи може да претставува одлична подлога за темелна дискусија.

Дали воопшто има одговорност кај архитектите ангажирани во владините визии за центарот на Скопје, коментира водечкиот светски архитект сер Норман Фостер, автор на стотина модерни зданија во Британија, Америка, Блискиот Исток и Далечниот Исток, но и на обновениот германски Рајхстаг. Тој оценува дека архитектите немаат голема моќ, но можат да влијаат со убедување.

„Како архитект, всушност, немате моќ. Ако сте мој клиент, не можам да ви кажам што треба да направите. Ако сте локален политичар, уште помалку. Но, може да се обидам да ве убедам, да се заложам, да бранам нешто што сметам дека ќе биде корисно и ќе ги задоволи не само приватните, туку и јавните барања“, вели Сер Норман Фостер.

Архитект.мк
Игор Василевски


Macedonian Albanian Bulgarian Croatian Czech Danish English French German Italian Portuguese Russian Slovenian Spanish Turkish

Подаруваме списанија

Добра мисла

In art or architecture your project is only done when you say it's done. If you want to rip it apart at the eleventh hour and start all over again, you never finish. I was one of those crazy creatures.

Maya Lin


Анкета

Колку пати во годината ги посетувате архитектонските изложби ?

Skopje, Macedonia
Темп.: 27°C
Темп. на ветер: 27°C
Влажност: 48%
Брзина: 3 km/h
Правец: 160°
Притисок: 1014.9 mb
SSE
Прикажи повеќе детали
Изберете град...

Последни коментари

fb twicon_rss

Посетители онлајн

Има 80 гости присутни